![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/07/01/230110-boston-dobiva-konkurencija-filadelfija-se-zasili-so-srpskiot-zet-od-klipers.jpg?itok=pFiZ6A0u)
Бостон добива конкуренција: Филаделфија се засили со српскиот зет од Клиперс!
Тој во следните четири години ќе инкасира 212 милиони долари, што е максимален износ за кошаркар со неговото искуство во најсилната лига на светот. Џорџ, кој игра на позицијата бек-шутер, но кој може да ја покрие и позицијата ниско крило, изминативе пет години го носеше дресот на „клиперси“, но не успеа да дојде ниту до финалето. Претходно, тој беше дел од Индијана пејсерс и од Оклахома сити тандерс, а во регионов е познат како „српски зет“ со оглед на неговиот брак со „манекенката“ Даниела Рајиќ.
„Сиксерси“ сега имаат фантастичен тандем Џорџ-Ембид, кој заедно со Тајрис Макси би можел да му се закани на шампионот Бостон селтикс за превласт на Истокот, но и во цела НБА-лига.