Најголемиот малер на првенството - ВАР му поништи и трет гол на Лукаку
Денеска на фудбалерот на Рома му беше поништен и третиот гол на овој шампионат откако во 65. минута ја затресе мрежата на Романија, но излезе дека бил за неколку сантиметри во офсајд. Претходно, против Словачка два пати му беа поништувани голови, еднаш поради офсајд, а еднаш поради игра со рака на негов соиграч.
Со тоа, Лукаку стана прв фудбалер во историјата на европските првенства на кого му се поништени три гола, без разлика на причините и начинот на кој е направено тоа.