Украина со пресврт ѝ пресуди на Словачка (ВИДЕО)

Украинските репрезентативци триумфираа со 2-1 против Словачка во второто коло од групата Е со што се врати во игра за пласман во осминафинале на Европското првенство (ЕП).

Шранц погоди за водство на Словачка во 17. минута, по што неговите соиграчи имаа уште неколку шанси, но Украина го издржа притисокот.

Во второто полувреме Украина се разигра и во 54. минута преку Шапаренко израмни на 1-1, додека голот за пресврт и победа го постигна Јаремчук во 80. минута.

Романија, Украина и Словачка имаат по три бодови во групата Е, додека Белгија е без освоен бод.