Младеновска и Ристовска со своите екипи идната сезона ќе играат во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги подели вајлд-картите и кај женските екипи за Лигата на шампиони (ЛШ), па така настап во елитното натпреварување добија Брест, Ѓер, Сторхамар, Рапид Букурешт, Оденсе, Подравка и Глорија Бистрица.

Македонија нема своја екипа во ракометната ЛШ, но ќе има две македонски ракометарки, а тоа се Ива Младеновска со Брест и Сара Ристовска со Рапид Букурешт.

Ждрепката за групната фаза во елитната ЛШ ќе се одржи на 27 јуни во Виена.