Даку ќе добие суспензија поради навредите кон Македонците

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку се извини поради скандалозниот потег по мечот против Хрватска кога ги навреди Македонците и Србите.

Шпански „АС“ пишува дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) води истрага и собира докази со кои ќе потврди дека Даку е виновен и ќе му изрече суспензија.

Засега нема реакција од УЕФА за конечната одлука, но постојат големи шанси Даку да го пропушти последниот дуел од групната фаза против Шпанија.