АТП тестира ново правило во Германија и Англија кое ќе ги налути тенисерите

Почна сезоната на турнири на трева, а АТП реши да искористи дел од натпреварувањата за да тестира ново правило за големите турнири.

АТП реши да направи тест за паузата меѓу поените, односно одбројувањето ќе почне веднаш по претходниот поен, а времето за сервирање останува 25 секунди.

Тоа може да им направи проблеми на дел од тенисерите, посебно ако претходно одиграат долг поен.