Раде Стојановиќ е промовиран во нов тренер на Тримо Требње!

Македонскиот ракометен тренер, Раде Стојановиќ од идната сезона ќе го води словенечкиот тим Тримо Требње, тој денеска и официјално беше промовиран во нов кормилар.

Довчерашниот тренер на Тиквеш и актуелен селектор на машката млада репрезентација, Раде Стојановиќ има нов предизвик во кариерата.

45-годишниот стратег е промовиран во нов тренер на Тримо Требње. За Стојановиќ тоа е позната средина бидејќи токму во овој клуб ја започна интернационалната кариера како ракометар.

Стајновиќ во Тримо доаѓа на местото од Урош Зорман кој се пресели во Слован Љубљана.

Покрај Раде Стојановиќ, во словенечкиот тим денеска е промовиран и Урбан Лесјак како засилување на голманската позиција, тој доаѓа од Пелистер.