Ристовски со соиграчите од Динамо го поддржа Вардар: Сите во Струмица на бараж (ФОТО)
Со нови трофеи се закитија и поранешните македонски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски кои имаа голем придонес во овој успех. Непосредно по завршувањето на сезоната, Ристовски преку социјалните медиуми му даде поддршка на својот матичен клуб Вардар кој в недела против Детонит во Струмица ќе игра бараж за опстанок во Првата лига.
Искусниот бек, заедно со неколкумина негови соиграчи од Динамо, ги повика навивачите да дојдат во Струмица и да му помогнат на Вардар да ја оствари својата цел.