Крај на приказната: Црвена Звезда ја врати титулата од АБА лигата
Во финалната серија, Звезда го прегази својот најголем ривал Партизан со 3-0 за седма титула во регионалното натпреварување со што се израмни со „црно-белите“. Меѓу другото, првпат по 24 натпревари на белградските ривали направи брејк бидејќи славеше како гостин во белградската Арена со 82-76.
Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Звезда постојано беше во водство, Партизан одржуваше чекор, но не успеа да ја преземе контролата над резултатот. Кога беше најтешко, Црвена Звезда знаеше да ја смири играта, да ги искористи сите слабости на противникот и повторно да направи сигурна предност. Партизан на овој меч настапи без Џејмс Нанели кој направи инцидент на пладневниот тренинг откако влезе во физичка пресметка со противничкиот играч Стефан Лазаревиќ.
За разлика од Звезда која има обезбеден пласман во Евролигата, Партизан повторно ќе чека специјална покана, но факт е дека оваа сезона беше катастрофална за „црно-белите“, како на меѓународен, така и на домашен план.