Димитриевски ја сочува мрежата против Валенсија - покажа дека вреди за парите што им ги бара!
Димитриевски запиша пет интервенции против „лилјаците“ и уште еднаш покажа дека вреди за парите што им ги бара во Валенсија, која е заинтересирана да го ангажира по крајот на сезоната.
Чуварот на мрежата има договор со Рајо до крајот на оваа сезона, а очигледно не планира да го продолжи и поради тоа како слободен агент ќе си бара нова екипа за во иднина.
Димитриевски веќе ги одбил Бетис и Севилја поради интересот од Валенсија, а имал и неколку богати понуди од С. Арабија.
Рајо се наоѓа на 16. место во Ла Лига со 35 бодови, додека Валенсија е на осмата позиција со 48 бода.