Трабзонспор ги обвини фудбалерите на Фенербахче за хаосот (ВИДЕО)

Сериозен инцидент се случи по дербито меѓу Трабзонспор и Фенербахче, кога навивачите на домашниот тим влегоа на теренот и се пресметаа со противниците на ривалот.

Фенербахче се закани дека ќе отстапи од лигата доколку не се преземат соодветни мерки и не се изречат казни за инволвираните во инцидентот, а сега пристигна реакција и од Трабзонспор.

Трабзонспор објави видео на социјалните мрежи преку кое ги обвини фудбалерите на Фенербахче дека се провокатори.