Барселона си договорила бесплатно засилување од Јувентус?
Лапорта наводно го договорил трансферот на Адриен Рабио, кој има договор со Јувентус до крајот на јуни оваа година, по што бесплатно ќе се пресели во Каталонија.
Рабио по трет пат се поврзува со Барселона, а претходно тоа се случи во 2019 година кога го избра Јувентус затоа што каталонскиот тим не ги прифати неговите барања.
Барселона го продолжува трендот со ангажирање на бесплатни засилувања, откако претходно тоа го направи со Серхио Агуеро, Ерик Гарсија, Дани Алвеш, Пјер-Емерик Обамејанг, Маркос Алонсо, Андреас Кристенсен и други.