Убиен српски ММА борец во Белград
Голема трагедија ја потресе српската јавност, а со Савиќ се збогува и ММА сојузот на Србија.
„Со огромно жалење ве известуваме дека во раните утрински часови трагично почина нашиот млад репрезентативец Стефан Савиќ. ММА борец со неверојатен талент и посветеност, засекогаш ќе остане запишан во историјата со освојувањето на бронзениот медал“, соопшти ММА сојузот на Србија.
Медиумите од нашиот северен сосед пишуваат дека двајца напаѓачи го бркале борецот низ улиците за да го избодат, а наводно причина за ужасот била караница пред ноќен клуб.