Илјадници навивачи ги поздравија своите херои во Брегот на Слоновата коска (ФОТО)

Брегот на Слоновата коска беше подобар со 2-1 од Нигерија во финалето на Африканскиот куп на нации, а денеска во Абиџан се одржа парадата на шампионите кои беа поздравени од илјадници навивачи.

Огромен број навивачи излегоа на улиците на градот во Брегот на Слоновата коска за да ги поздрават фудбалските херои кои им ја донесоа титулата.