Шкендија лани го продаде Рамадани на Динамо Киев, сега го врати на позајмица!

Поранешниот македонски шампион Шкендија потврди дека постигнала договор со Динамо Киев за позајмица на Решат Рамадани, откако им го продаде на Украинците во текот на минатата година.

Рамадани пред една година замина од Тетово и се пресели во Киев, но за да има поголема минутажа ќе се врати во македонскиот тим и ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.

Договорот меѓу тимовите бил постигнат за време на пријателскиот меч во Анталија, кој заврши нерешено (1-1).

Рамадани оваа сезона за украинскиот тим настапи на три меча, односно одигра вкупно 39 минути.