Висар Муслиу ќе игра во Калчото: Џенова ќе го добие за 200.000 евра?

Вардаровиот стопер Висар Муслиу е на мета на италијанска Џенова, чиј член е макеоднскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, најави италијански „Туто Меркато“, откако од дефанзивецот на црвено-црните нема ни трага, ни глас во последните десетина дена откако избега од подготовките на макеоднскиот шампион пред заминувањето во Анталија.

Наводно за Муслиу биле заинтересирани Пушкаш Академија (Унгарија) и Омонија (Кипар), но многу гласно се најавуваше и „дриблинг“ на стоперот за да ја засили тетовска Шкендија во пролетната полусезона, најмногу и поради аматерскиот потег на вардаровата управа која летоска потпишала тригодишен договор со младиот репрезентативец, но тој бил регистриран како аматер за црвено-црните и поради тоа може да си замине во секое време.

Сега италијанските медиуми потенцираат дека Муслиу е на мета на Џенова и дека контакти веќе се остварени и се во во одмината фаза. Менаџер на Муслиу е Леонардо Корси, кој исто така го застапувал и Горан Пандев, тврдат меидумите во Италија.

Муслиу играше за Македонија во Торино, кога Македонија освои бод (1-1) во мундијалските квалификации, а беше дел од Вардар во историската сезона во која црвено-црните стигнаа до пласман во групната фаза во Лига Европа.

Според најавите Џенова за Муслиу ќе треба да одвои 200 илјади евра за тренинг-компензација, од која најголемито дел ќе ја добие тетовска Ренова, затоа што младиот дефанзивец мина најголем дел од својата досегашна кариера меѓу „гипсарите“. Муслиу почна во Гостивар, по што од летото 2012 година беше дел од Ренова, а двапати беше дел од младинскиот погон на швајцарски Сент Гален по шест месеци (2014 и 2015 година). Во Вардар дојде летоска од тетовскиот прволигаш.

На трансфер пазарот неговата вредност е 600.000 евра.