Загубивме од Шпанија, но го добивме најдобриот голман на првенството! (ФОТО)

Македонија го претрпе најтешкиот пораз на последните неколку првенства, а нашиот голман токму на тој меч стана најдобар на првенствово, барем засега.

Никола Митревски бранеше само во второто полувреме и во тој неполн полчас успеа да наниже 14 одбрани! Ги оствари од 30 удари кон неговиот гол, што ќе рече имал 47-процентна успешност и поради тоа стана најдобар голман на првенството, засега.

Тој не бранеше многу на претходните натпревари, но кога ќе излезеше беше многу ефективен и затоа сега има вкупен процент на одбрани од 42 отсто. Над 40 има само уште Венсан Жерар од Франција.