
Касано пак прави драми - сега не се пензионира, ама си замина од Верона
Касано неодамна ја шокираше фудбалската јавност кога објави крај на играчката кариера, но по само неколку часа се предомисли и потврди дека останува во Верона. Меѓутоа, Касано денес пак направи драма и официјално стана слободен играч.
Верона потврди на својот официјален сајт дека Касано веќе не е нивен играч, иако пред 15 дена потпиша договор. Сепак, овој пат Касано не најави крај на кариерата.
„Немам намера да се пензионирам, но едноставно не се чувствувам како што сакам во Верона. Во добра форма сум, 15 дена работам напорно, но психички не се чувствувам најдобро. Ѝ благодарам на Верона за сѐ што стоир за мене“, порача Касано.