„Росонерите“ ја освоија Сардинија: Кеси за шест минути му донесе победа на Милан (ВИДЕО)
Само осум минути требаше Калјари да победе преку Барела, но „слонот“ Кеси за шест минути успеа да погоди двапати и комплетно да го сврти мечот до полувремето, па во второто миланезите успеаа да го сочуваат водството и со три бода да си заминат од ова гостување. Кеси прво погоди од пенал во 36-та минута за израмнување, а во 42-та донесе и водство на асистенција на Никола Калиниќ, со што практично и го реши победникот.
На десет минути пред крајот Милан остана без Родригес (исклучен за два жолти картони), но домаќинот тоа не го искористи, а патем во 87-та бројчано се израмни со исклучувањето на стрелецот Барела.
Милан со оваа победа во 21-то коло во Серија А сега стигна до 31 бод и е седмопласиран, само два бода помалку од Сампдорија, но дури 11 со меч повеќе од Лацио кој е четврти и го има последното место за Лигата на шампионите.