Реал ироничен по повредите на главните играчи: Имаме добра вест, ќе бидат подготвени до март
Првата прозивка дојде еден ден по повредата на Камавинга кој нема да биде во тимот во следните 2,5 месеци. Тој се повреди пред мечот со Гибралтар кој Французите го добија со 14-0.
„Наме што да кажеме, тоа беше подготовка за еден спектакуларен натпревар“, беше реакцијата на Реал.
Подоцна се повреди и Винисиус кој исто така ќе биде надвор од тимот долго време, па во мадридскиот клуб не можеа да издржат.
„Имаме добра вест. Повредените играчи ќе оздрават до март, па ќе им бидат на располагање на своите репрезентации. Се за РФЕФ, ФИФА и УЕФА“, искоментираа од редовите на шпанскиот гигант.
Во ноемвриските квалификации за Европското и Светското првенство се повредија дури 12 фудбалери, а засега најлошо помина Гави од Барселона за кого е завршена оваа сезона.