Синерманија на Апенините: Дури 3,3 милиони Италијанци „навивале“ за Јаник против Ѓоковиќ!
Дуелот помеѓу српскиот и италијанскиот тенисер на завршниот мастерс-турнир во Торино во живо го следеле 3,332 милиони спортски фанатици. Нешто повеќе од 2,5 милиони го следеле натпреварот преку вториот канал на националната телевизија РАИ, а 789.000 го следеле натпреварот преку сателитскиот канал Скај Спорт. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Синер започна нешто пред девет часот, а заврши по полноќ, што секако влијаеше оваа бројка да не биде уште поголема, со оглед што беше работен ден.
Оваа бројка, сепак, не е ни блиску до рекордот на гледаност на меч на италијански тенисер против Ѓоковиќ. Тоа е дуелот помеѓу Беретини и Новак на Вимблдон во 2021 година, кој бил гледан од повеќе од пет милиони гледачи.