Познато кој го киднапирал таткото на Луис Дијаз

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз поминува низ тежок период затоа што пред неколку дена вооружени лица ги киднапираа неговите родители, а полицијата сè уште трага по неговиот татко, откако ја спаси неговата мајка.

Новинарот Фабрицио Романо пренесе информација од колумбиската влада за киднапирањето на таткото на Дијаз, а во истата се открива дека криминалната вооружена група „ЕЛН“ стои зад киднапирањето.

Засега не се откриваат повеќе детали во јавност, а полицијата работи на случајот, откако претходно понуди награда од 50.000 долари за секого со важна информација за пронаоѓањето на Луис Мануел Дијаз.