Судиска анализа: Гостивар е оштетен за недосуден пенал против Струга!
При водство на Гостивар од 2-0, главниот судија Игор Стојчевски направил погрешна проценка со тоа што недосудил пенал за домаќините. Оваа грешка не влијае на бодовниот исход на овој натпревар со оглед на тоа што гостиварци го добија мечот со 2-1.
„Играч на домашната екипа добива топка во 16-сетникот на гостинската екипа, при вртење кон голот и шутира кон голот, претпоследниот играч од одбраната на гостите го влечеше за дрес и со тоа го спречи да шутне и е соборен на земја.
Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, во оваа ситуација требаше да досуди пенал за екипата на домакините (поради влечење за дрес со јак интензитет) на играч на гостинската екипа над играч на домакините.
Главниот судија во оваа ситуација не беше добро поставен, и беше доста далеку од настанот“, стои во анализата на судиската комисија.
Комплетната судиска анализа за 12. коло од ПМФЛ можете да ја прочитате на веб страницата на ФФМ.