Чимаев оди во војна: Сакам да земам пушка и да се борам за муслиманите во Палестина!
Тој прво рече дека му е тешко поради сите војни во светот, а потоа на својот мајчин јазик истакна дека е подготвен да ја земе пушката и да го остави животот во Палестина.
„Нека Алах е задоволен од сите Чеченци, нека ни сила за сите. Многу од вас дојдоа тука да ме бодрат, а уште повеќе од од вас гледаат од дома. Алах да биде задоволен од тебе претседателе (Рамзан Кадиров-н.з.) и нека ти даде сила. Да стојам тука и да се борам за тебе во УФЦ не е толку тешко. Ако Алах ми дозволи, се колнамдека ќе земам пушка и ќе одам во Палестина како вистински човек“, изјави Чимаев.
Борецот на УФЦ изјави дека е и подготвен да умре во борбата за своите муслимански браќа.
„Не сум роден да стојам тука во шорцеви. Ако добијам дозвола да се борам за Алах, подготвен сум да умрам за него. Не се плашам од смртта како што се плашам за нашите браќа муслимани“, дополни Чимаев.
Чеченецот во последните пет години имаше 13 борби во мешани борешки вештини (ММА) и победи во сите од нив, од кои 11 со нокаут и две со судиска одлука.