Фудбалер на Баерн ќе биде протеран зашто даде поддршка за Палестина?

Воениот конфликт меѓу Палестина и Израел е главна тема во медиумите веќе со денови, а поддршка до Палестинците испрати Нусар Мазруаи од Баерн Минхен.

Мароканецот на социјалните мрежи објави статус со цитат од Куранот, а на оваа објава следеа бурни реакции, па дури беше побарано и негово протерување од Германија.

„Мил Баерн, ќе ве замолам да го исфрлите од клубот. Треба да се разгледаат сите опции за да биде протеран од Германија“, вели германскиот политичар Јоханес Птајнигер.