„Покажавме како се бори за нашата Србија, не сме уморни, одиме по злато!“
Аврамовиќ се расплака во разговор со новинарите поради Бориша Симаниќ, кој го загуби бубрегот по натпреварот против Јужен Судан.
„Сите знаеме колку е важна оваа победа. Последниот атом енергија го дадовме на теренот. Знаете што се случи против Јужен Судан, една ситуација можеше да се претвори во трагедија. Бориша ни даде сила. Покажавме како се бориме за нашата Србија, никој не е уморен, одиме по злато“, кажа Аврамовиќ.