Ѓоковиќ пак врескаше по Иванишевиќ – неговиот крик го слушна цел Њујорк (ВИДЕО)
„Инцидентот“ се случи во четвртиот сет, кога, по многумина, најдобриот тенисер на сите времиња се бореше да остане во живот.
„Па кажи бреееее...“, врескаше Новак на својот тим на стартот од четвртиот сет, кога направи двојна сервис грешка и беше многу лут поради тоа.
Прво неговиот спаринг партнер Карлос Гомез Херера ја крена раката и му покажа да се смири, а потоа слично реагираше и хрватскиот стручњак. На крајот сѐ добро се заврши за Новак, кој победи и ја продолжи битката по 24. гренслем-трофеј. Следен ривал ќе му биде Борна Гојо, момче родено во Сплит, од каде што е и Иванишевиќ.