
Тргувајте на берза со вашите омилени фудбалски тимови. Македонец од Прага претстави иновативна апликација
Оваа платформа овозможува на корисниците бесплатно да тргуваат со акции на фудбалски тимови базирани на реални спортски резултати, нудејќи комбинација од возбуда, стратегија и конкуренција меѓу фановите.
Еден од најиновативните стартапи оваа година е дело на македонецот Сашо Беловски кој вложи неколку години труд за да ја приближи неговата уникатна идеја до сите спортски фанови и вљубеници во спортот, а неодамна ја лансираше од Прага, Чешка каде што живее и работи во сферата на спортот.
Sport Exchange Market претставува иновативен концепт што го спојува светот на спортот и динамиката на тргување со акции. Платформата функционира како виртуелна берза каде што учесниците можат да тргуваат, купуваат и продаваат акции на фудбалски тимови за да редовно бидат наградени за нивното спортско знаење и стратешко одлучување.
Во својата деби сезона, претставен е моделот free-to-play, сличен на популарните fantasy football лиги. Секој корисник располага со виртуелна валута од 200 евра за да врши трговија и инвестиции.
Го избирате тимот од кој сакате да купите акции и потоа го чекате резултатот од натпреварот кој тој тим го игра наредното коло. Од вашите предзнаења за тимот и натпреварот зависи дали вашите вложени акции ќе растат или ќе паѓаат на пазарот по завршувањето на колото.
Иако корисниците не тргуваат со реални пари, тие ја искусуваат забавата од управување со портфолио на акции на фудбалски тимови и можноста за освојување награди како ајфон телефон, плејстешн и друго.
"Замислете да поседувате акции од вашиот омилен фудбалски тим?" изјави Сашо Беловски, визионерот зад овој концепт. "Од оваа првична идеја, која многу од нас сигурно си ја замислувале, се разви целиот проект и подоцна стана реалност. Преку гејмификација на тргувањето на берза со виртуелни акции на тимови, ние создаваме нов момент на забава што ги надминува традиционалните начини на искуства."
Тајната на идејата се крие во уникатниот алгоритам измислен од самиот Беловски, внимателно создаден да ја одразува динамиката на спортските успеси на тимот. Виртуелните вредности на акциите растат и паѓаат во зависност од реалните постигнувања на фудбалскиот тим на теренот. Овој оригинален модел им овозможува на фановите да ги следат нивните инвестиции во реално време и да се справуваат со флуктуациите на пазарот после секој натпревар.
Sport Exchange Market нуди акции од сите стотина тимови од петте најголеми европски фудбалски лиги, што ја зголемува разновидноста и возбудата на берзата.
--------------------
За фирмата: Sport Exchange Market е револуционерна стартап компанија што ги спојува спортските фанови со динамиката на берзата, нудејќи уникатно гејмифицирано искуство. Сместена во Прага, Чешка Република, платформата овозможува на корисниците да тргуваат со акции на фудбалски тимови од петте најголеми европски фудбалски лиги, спојувајќи стратегија и забава на иновативен начин. За повеќе информации, посетете ја www.sportxmarket.com.