Кочоски од Струга се пресели во Охрид – ново засилување е на Воска!

Валентин Кочоски, досегашниот фудбалер на македонскиот првак Струга ТЛ се пресели во Охрид и од денеска е нов фудбалер на прволигашкиот дебитант Воска Спорт.

Кочоски во Струга мина две години, беше дел од тимот од европското деби во 2001 година, а лани помогна за историската прва титула, но за него сезонава немаше премногу минути, ниту место во тимот и сега се пресели во Воска Спорт, како најново засилување за продолжение на сезоната.

Станува збор за офанзивец кој дополнително ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот, а тој со Воска потпиша едногодишен договор.