Пелистер загуби и од Загреб, заврши шести во Добој
Загреб беше подобар во првото полувреме, предводен од искусните Чупиќ и Дибиров и на одмор замина со 16-13 Почетокот на вториот дел беше најдобриот период за Пелистер, запирајќи го ривалот да постигне гол цели седум минути. Сепак, до крајот се играше гол за гол, Загреб успеа да ја чува разликата и со триумф да го освои петтото место.
Цветан Кузманоски со шест гола беше најефикасен кај „пелистерци“, а Иван Чупиќ со осум кај Загреб. Покрај овој, Пелистер забележа уште два пораза во Добој, од Ал Ахли и од Монпелје, а го совлада само домаќинот, Слога. Турнирот во Добој завршува вечерва, со финалето меѓу Ал Ахли и Барселона. Претходно за трето место ќе се пресметаат Монпелје и Војводина.
Сега Пелистер се враќа назад во Македонија, каде што го очекува нов турнир, во Охрид, во друштво на домаќинот, Металопластика, Олимпијакос, Бешикташ и на Татран Прешов.