Струга на чекор од плејоф: Ибраими со хет-трик го реши Есперанж (ВИДЕО)

Македонскиот шампион Струга Трим Лум оствари победа од 3-1 против Есперанж од Луксембург во првиот меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига, а херој на домашниот тим е Бесарт Ибраими кој постигна хет-трик.

Голманот на гостите направи голема грешка во 23. минута, кога пропушти една топка, а тоа го искористи Ибраими кој ја смести во мрежата на Есперанж за водство од 1-0.

Ибраими беше прецизен и од белата точка во 40. минута, откако домаќините изнудија пенал, по што гостите преку Столз намалиј на 1-2 на стартот на второто полувреме.

Победата на Струга ТЛ ја потврди Ибраими со неговиот трет гол, кој повторно беше од пенал во 77. минута од натпреварот.

Реваншот меѓу Есперанж и Струга се игра за една недела во Луксембург.