Комити го обележаа Скопје - ударното знаме закачено на Камениот мост! (ФОТО)
Комити кои во моментов го раководат клубот откако го преземаа за да го спасат од тотална пропаст и на сите страни се растрчани за да најдат пари за сезонава, симболично означија старт на новата сезона на денот кога пред 76 години се формираше најголемиот амкеоднски фудбалски бренд.
Вардар по две сезони во второлигашката конкуренција, се врати во Првата лига, а најверните навивачи веќе почнаа една џиновска кампања за купување сезонски билети, како начин да се изнајдат финансии за мирна сезона, настрана растрчаноста Вардар да добие пари од скопските општини и од градот Скопје, кој завчера ја изгласа одлуката на советот за финансиска помош за црвен-црните.