Тенисер доби суспензија од 18 месеци поради допинг, иако ниту еднаш не бил позитивен!
Имер во јануари 2022 година бил обвинет од Меѓународната тениска федерација дека во 2021 година пропуштил три допинг тестирања, иако такво нешот не е дозволено според правилата.
Тенисерот се бранеше пред комисијата која го прифати оправдувањето на Имер, меѓутоа федерацијата го предаде случајот на Меѓународниот суд за спортска арбитража во Лозана.
Две недели по неговиот настап во третото коло на Вимблдон, Имер дозна дека случајот е решен и доби суспензија на година ипол.
„Се борев за правдата и бев ослободен од страна на независната комисија. Федерацијата се жалеше на таа одлука без разлика на сè што кажав и бараше од Судот за спортска арбитража да ми изрече казна. Сметам дека ова не е фер, зашто не сум ги прекршил правилата“, кажа Имер.