„Гробари“ со жестоки навреди на сметка на менаџерот кој им го украде Мадар (ФОТО)

Навивачите на Партизан својот гнев на сметка на менаџерот Мишко Ражњатовиќ го изразија со пишување навредлив графит на зграда во Белград, преку кој го изразија својот револт за неговата улога при заминувањето на Јам Мадар од црно-белиот табор.

Израелскиот плејмејкер пред неколку дена потпиша за Фенербахче, по што белграѓани најавија тужба пред судот на ФИБА сметајќи дека неговото заминување е неправилно, со оглед што има договор на уште една година. Управата на Партизан го потенцира Ражњатовиќ како најголем виновник за ваквата ситуација и објави дека повеќе нема да соработува со него.

„Љубовта и омразата кон кошарката во Србија се на сосема друго ниво“, напиша Ражњатовиќ објавувајќи ја фотографијата од графитот.