
Единсон Кавани пред потпис со Бока јуниорс
Бока и ланското лето го бркаше Кавани и беше близу до договор откако Уругваецот си замина од „Олд Трафорд“, но напаѓачот се реши да остане во Европа и играше во изминатата сезона за Валенсија, но сега е пред заминување и според последните најави само низа детали го делат од конечен договор.
Во моментов главна пречка е висината на договорот од една или две години, но Бока е многу поблизу да го потпише во однос на Национал од Монтевидео и завршните преговори наскоро веројатно ќе го донесат Уругваецот на „Бомбоњера“.
Напаѓачот има уште една година од договорот со Валенсија, но сака да го раскине и наводно нема да има никакви проблеми за спогодба, зашто не постојат никакви клаузули.
Кавани е поранешен фудбалер на Данубио, кој во Европа прво дојде во Палермо, а оттаму во Наполи. Во ПСЖ беше најдобар стрелец во историјата до неодамна, кога Килијан Мбапе го надмина, постигнувајќи 200 гола во седум години, а потоа играше две години во Јунајтед и изминатава сезона во Валенсија.
За Уругвај има 136 настапи и 58 гола.