Сликата од Џордан како се држи за меѓуножјето стана вирална на социјалните мрежи (ФОТО)

Фудбалерот на Севиља, Жоан Џордан Морено кој беше активен и во преписките меѓу двете клупи во текот на мечот, на контроверзен начин прослави една одбрана на Боно.

При едно промашување на фудбалерите на Рома, Џордан се фати за меѓуножјето, брзо потоа Севиља даде гол и го освои трофејот.

Фотографијата од непримерната и навредлива прослава на Џордан, стана вирална на социјалните мрежи.