
Тухел: Работите се случија многу брзо и изненадувачки
Германскиот стратег вели дека сѐ се случило многу брзо, тој очекувал кариерата да ја продолжи во странство, но добил изненадувачки повик од Баерн Минхен.
„Работите се случија брзо. Тајмингот беше изненадувачки, не очекував, немало контакт претходно. Мислев дека кариерата ќе ја продолжам во странство. Првото интервју беше во вторникот вечер“, вели Тухел.
„Можеме да ги освоиме сите титули. Баерн Минхен има состав кој би можел да се бори за титулата и во Премиерлигата, има квалитет и широчина во составот“.
„Во Англија и Париз екстремно високо го оценуваат Баерн. Никој не сака да игра против Баерн Минхен. Големината и силината на клубот е неспорна“.