Мемфис без Морант го урна шампионот Голден Стејт (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мемфис беа подобри од актуелниот шампион Голден Стејт со 133-119, иако на паркетот го немаше Џа Морант кој е суспендиран поради неговите скандалозни потези во изминатите недели.

Мемфис го заврши натпреварот со 18 постигнати тројки, односно пет повеќе од Голден Стејт, а најдобар на паркетот беше Џерен Џексон со 31 поен и седум скокови, додека Дезмон Бејн додаде 26 поени.

Најдобар во редовите на Голден Стејт беше Џонатан Куминга со 24 поени, Џордан Пул постигна 21, додека Стеф Кари запиша само 16 поени и осум скокови.

Мемфис има 43 победи и 27 порази и се наоѓа на третото место на Западот, додека Голден Стејт е седми со 36 победи и исто толку порази.

Останати резултати:

Индијана – Филаделфија 121-141
Торонто – Минесота 122-107
Чикаго – Мајами 113-99
Вашингтон – Сакраменто 118-132
Јута – Бостон 118-117