Сѐ уште нема ни трага, ни глас од исчезнатиот Атсу – спасителите најдоа само два пара чевли
Менаџерот на Атсу објавил дека спасувачките служби не успеваат да го лоцираат фудбалерот, а сѐ досега што нашле се само два пара негови чевли
„Поминаа девет дена од земјотресот и се уште не успеавме да го лоцираме Кристијан. Пристигнав на местото на земјотресот во Хатај заедно со семејството на Кристијан. Сликите и сцените се незамисливи, ми се крши срцето за сите луѓе погодени од катастрофата. Успеавме да ја лоцираме собата на Атус и најдовме два пара негови чевли. Вчера добивме потврда дека термалните слики покажуваат пет живи, но единствениот вистински начин на потврда дека некој е жив е преку вид, допир, мирис или звук, и за жал не успеваме да го лоцираме Кристијан“, вели менаџерот.
„Ситуацијата е навистина тешка, благодарни сме им на спасувачите од Турција и странство, локалните цивили и волонтери. Сепак, потребни се повеќе ресурси како и преведувачи. Работите се движат бавно и поради тоа многу спасувачки акции се одолговлекуваат и животи се губат поради недостаток на ресурси и работници. Жалам што никој од клубот не беше со нас на терен во потрагата по Кристијан“, додава тој.