Газдата на Лион убеден: Нема да бидеме исфрлени во Лига 2!

Во јавноста пред два дена се појавија информации дека францускиот гигант и седумкратен шампон на Франција, Олимпик Лион би можел да биде исфрлен во втора лига.

Француските медиуми пренесуваа дека доколку до крајот на сезоната Лион не го исплати долгот од 505 милиони евра ќе заврши во Лига 2. Сепак, сопственикот Џон Текстор е убеден дека нема да се случи такво нешто.

„Луѓето од Националната дирекрција за контрола и управување се интелигентни, но тие работат во систем во кој не ја гледаат глобалкната слика на она што го правиме. Ние сме голема организација и треба да знаат дека сите наши клубови можат да придонесат.

Нема шанси да испаднеме, нема тоа да се случи. Знам дека ситуацијата можеби носи скептицизам. Според мене треба да се воведе систем сличен на Премиер лигата кој ги казнува клубовите кои работат поинаку“, истакната Текстер.

Газдите на Лион поседуваат и акции во бразилскиот Ботофаго и англискиот Кристал Палас, па еден од начините за отплата на долгот е продажба на овие акции.