Аморим повлече цела „петорка“ од Спортинг за спас на Јунајтед

Заедно со Рубен Аморим, од Спортинг во Манчестер Јунајтед сите негови петмина асистенти кои ќе се обидат да го препородат заспаниот фудбалски џин.

Премиерлигашот плати 11 милиони евра за Аморим, но се него во Манчестер се селат уште Карлос Фернандес, Хорхе Витал, Аделио Кандидо, Емануел Феро и Пауло Бареира. Фернандес ќе биде прв помошник, Витал ќе ги тренира голманите, Феро и Кандидо ќе учествуваат во подготовка на тренинзите, а Бареира ќе биде задолжен за физичката подготовка на фудбалерите.

Од постоечкиот стручен кадар во Јунајтед, остануваат Дарен Флечер и Андреас Георгсон. Јунајтед во моментов е на 13. место на табелата во домашното првенство со само 15 бода што е најлош старт откако постои Премиер лигата. Тоа е доволен доказ пред каков предизвик за Аморим и неговите помошници.