
Новиот шпански селектор Де ла Фуенте го враќа Рамос во репрезентацијата?
Луис Де ла Фуенте, доскорешниот селектор на младинската репрезентација го наследи Луис Енрике и наскоро ќе треба да го објави списокот за стартот на евроквалификациите, а според шпанските медиуми, веќе разговарал со Рамос за евентуално враќање на искусниот стопер во националниот тим.
Ова и самиот Де ла Фуенте го признал меѓу редови, посочувајќи дека ќе го избира најдоброто и секој што е во најдобра форма за да помогне, без притоа да ги дели фудбалерите, на стари или млади.
„Нема никаков стрес или тензија, кој треба да биде повикан, дали е стар или не. Рамос е икона на шпанскиот фудбал и секој што ќе дојде, а јас мислам дека е во најдобра форма е добредојден, без разлика дали тоа ќе биде Серхио или не, или некој друг“, рекол Де ла Фуенте.
Шпанија ја чекаат дуели со Норвешка на 25 март и со Шкотска на 28 март на почетокот на циклусот за Еуро 2024.