
Нова трагедија во Турција: Во сообраќајна несреќа загина 15-годишна одбојкарка!
Покрај неа, во стравичната несреќа на автопатот во близина на градот Бурса животот го загубија уште три лица, додека седуммина меѓу кои и едно дете се тешко повредени. Дождот и лизгавиот асфалт се причинители на големата несреќа, во која првично се судриле три автомобили, а подоцна со полна брзина на луѓето налетал и четврти автомобил. Меѓу загинатите се и двајца членови на семејството на одбојкарката, додека возачот кој е виновен за нивната смрт го преживеал инцидентот.
Турскиот одбојкарски сојуз веднаш изрази жал и сочувство до семејството на Терзи, а полицијата највалија детална истрага за несреќата.