
Легендите Звонимир Бобан и Дарио Шимиќ го преземаат Динамо Загреб
Во екот на големата војна на клановите на Здравко Мамиќ и на Крешимир Антолиќ, сега Шимиќ излегува на површина како најдобра опција со поддршка од Бобан, кој моментно е десна рака на претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, а во изминатите три гони беше и заменик генерален секретар на ФИФА, како и дел од спортскиот сектор на италијански Милан.
Шимиќ во последниве месеци се споменуваше како нов спортски директор на „модрите“ на барање на Антолиќ, кој беше долгогодишен соработник на Мамиќ, па сега негов главен непријател. Но, тоа што е најважно во целиот хаос на „Максимир“ е што навивачите не го сакаат ни Мамиќ, ниту Антолиќ, па затоа и големите шанси Бобан и Шимиќ да влезат во клубот.
Според најавите во раководните структури треба да влезе и Едуардо да Силва, натурализираниот Бразилец кој беше хрватски репрезентативец и е екс-ѕвезда на Динамо.
Во загрепскиот гигант играат двајца македонски репрезентативци Аријан Адеми, кој е долгогодишен капитен и рекордер по број на освоени трофеи со клубот и капитенот на македонската селекција Стефан Ристовски.