
Втор гол за Бабунски, сефте за Илиевски годинава (ВИДЕО)
Хонвед постигна гол во 47. минута за водство од 1-0 против Кишварда, по што Илиевски влезе во игра во 55. минута, а 18 минути подоцна стрелаше за 1-1.
Бабунски во првото полувреме го отвори резултатот против Мол Фехервар, меѓутоа неговата екипа не издржа и прими погодок во 51. минута за конечни 1-1. Ова беше втор погодок за македонскиот фудбалер кој се запиша во листата на стрелци и на 28 јануари против Залаегерсег.