Скандал на Апенините: Пет фудбалери обвинети за силување!

Нов скандал го стресе италијанскиот фудбал, откако во медиумите се појави вест дека пет поранешни фудбалери на Виртус Верона се прогласени за виновни за силување на 20-годишна студентка во јануари 2020 година.

По три години конечно вистината излезе на виделина, а Стефано Касарото, Џани Манфрин, Едоардо Мерци, Сантијаго Висентин и Даниел Онеску се осудени на шест години затвор.

Хоророт се случил ноќта од 18 кон 19 јануари, кога студентката била на забава кај еден од фудбалерите.

Фудбалскиот сојуз на Италија реши да им забрани повторно да заиграат фудбал во италијанските лиги кога ќе излезат од затвор.