Арсенал ако не успее да го купи Каиседо, ќе тргне по фудбалер на Челси
Арсенал го исконтактирал Челси за можноста да го ангажира Жоржињо на кој договорот му истекува по крајот на оваа сезона.
Се верува дека Жоржињо е опција за Арсенал доколку не успеат да го ангажираат Каиседо од Брајтон.
Челси е отворен за продажба на Жоржињо, но можно е да побараат сума која ќе биде превисока за играч на кој му истекува договорот за шест месеци.