Силекс се засили и со Хрват во нападот
Турчин (25) е поранешен младински репрезентативец на Хрватска, роден во Винковци, кој преку Цибалија бил дел и од Риека, а играл и за Вараждин, Б-тимот на Динамо Загреб, Хрватски Драговољац, а има и интернационално искуство како член на босански Широки бријег и на словенечки Алуминиј.
Станува збор за офанзивец, кој игра на десната крилна позиција, иако може да игра и како втор напаѓач, па и на спротивната странична позиција како лево крило.
Кратовци сезонава веќе ги ангажираа повратникот и српски интернационалец од средниот ред Стефан Милосављевиќ, доскорешниот вардаров дефанзивец Никола Ристески, црногорскиот интернационалец Халил Мухаремовиќ, младинскиот македонски репрезентативен центарфор Марко Ѓоршиевски, како и Хамза Рамани.