Динамо им се врати на победите: Ристовски погоди против Локомотива (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стрелец во победата на Динамо Загреб против Локомотива со 2-1 во 18. коло од хрватското првенство.

Ристовски во 35. минута испрати удар кон голот на Локомотива, при што ја погоди стативата, но потоа топката се одби до него и тој без проблеми повторно со глава ја смести во мрежата на противникот.

Батурина беше стрелец на вториот погодок за Динамо во 59. минута, но шест минути подоцна Пивариќ намали на 1-2 и ја врати надежта кај Локомотива за да се спаси од пораз, меѓутоа не успеа во тоа.

Динамо е прв на табелата со 45 бодови по 18 одиграни кола, односно седум повеќе од големиот ривал Хајдук Сплит.