Лукоил Македонија отвори нова бензинска станица во Кавадарци

Жителите на Кавадарци добија нова и модерна ЛУКОИЛ бензинска станица. Новата бензинска станица на „ЛУКОИЛ Македонија“ е лоцирана во Кавадарци на ул. Шишка бр.37.

Бензинската станица, која е 35-та за ЛУКОИЛ во земјава, се простира на површина од 4.200 м2 и e изградена според најновиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители. Во неа ќе бидат вработени 14 лица, обучени според професионалните компаниски програми.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ- автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица нуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува со ширење на својата мрежа во државата и сега веќе брои вкупно 35 бензински станици преку кои обезбедува квалитетно гориво и врвни услуги. Бензинските станици на ЛУКОИЛ се протегаат низ целата територија на Македонија, претставуваат идеално место за пауза и им овозможуваат на корисниците безгрижно движење на патиштата.